Овде се простираат земјите на Game of Emperors. На овие територии се расположени сите објекти - терените на кои императорот може да ги основа и развива своите поседи. Мерката за квадратна површина на глобалната мапа е една точка. |
Ексклузивна зона
Зачувано место на глобалната мапа од 36 точки кое е видливо само за сопственикот. Во центарот на ексклузивната зона се наоѓа престолнината на империјата. Заградена е од 4 терени коишто можат да бидат припоени и 4 независни градови кои можат да се запленуваат, припојуваат или претвораат во вазали. Ексклузивната зона е означена на глобалната мапа и сите играчи можат да ја видат, но без нејзините специфични граници и независни градови. За другите се видливи само припоените територии.
Напомена: Ексклузивната зона останува ексклузивна за нејзиниот сопственик додека тој е активен. Ако корисникот не се најавил во профилот повеќе од 7 дена и има само една провинција (престолнината), ексклузивната зона или нејзини делови стануваат достапни за други и можат да бидат освоени.
Престолнина
Првата провинција од империјата. Се наоѓа во центарот на ексклузивната зона и зазема 4 точки. Сместена е на неутрален терен кој ги дава следните економски и воени бонуси:
- +100 000 бонус на капацитет на фарми
- 10% бонус на производство на ресурси
- +20 дневни поени задоволство
- +20 поени на лимит на задоволство
- 30% бонус на животните поени на тврдината
- 20% бонус на животните поени на сите воени единици во одбрана
- +10 бонус морал во одбрана
Независен град
Во ексклузивната зона се наоѓаат 4 независни града од различен тип (еден од прв тип, два од втор тип и еден од трет тип). Тие можат да бидат припојувани, претворани во вазали или запленувани.
- Прв тип: градот се наоѓа југозападно од престолнината и граничи со неа. Војската на поле е составена од 20 лесни стрелци и 20 лесни мечувалци. Нема гарнизон.
- Втор тип: локацијата во ексклузивната зона и нивната војска на поле и во гарнизон се генерираат по случаен принцип.
- Трет тип: локацијата во ексклузивната зона и нивната војска на поле и во гарнизон се генерираат по случаен принцип.
Еден независен град зазема 1 точка од ексклузивната зона. Има постојана економија која произведува ресурси и злато според бројот на население и нивото на тврдина што ги има. Независните градови во ексклузивната зона немаат економски бонуси. Максималното количество кое може да биде собрано од еден ресурс е еднакво на капацитетот на тврдината поделен со четири. Независниот град може да биде припоен насилно или по мирен пат.
Независен слободен терен
Може да биде припоен по мирен пат. Нема градби, војска и население. Терените имаат различни бонуси и заземаат до 4 точки на мапата.
Видови терени
Териториите на глобалната мапа се поделени во три групи - независни градови, слободни терени и терени со специјални ресурси.
Независни градови
Повеќето од нив се наоѓаат надвор од ексклузивната зона, на слободни места, каде што можат да бидат запленувани, припојувани или претворани во вазали. Постојат 15 нивоа на независни градови и првите три од нив се наоѓаат во ексклузивната зона. Растот е карактеристика на независните градови што се зголемува со секој успешен напад од страна на играч. После одреден број успешни напади, се зголемува и нивото на независниот град, а Растот се ресетира до и започнува да се пресметува за следното зголемување на нивото на независниот град. Ниво 1: Раст 0, Ниво 2: Раст 5, Ниво 3: Раст 6, Ниво 4: Раст 7, Ниво 5: Раст 8, Ниво 6: Раст 9, Ниво 7: Раст 10, Ниво 8: Раст 11, Ниво 9: Раст 12, Ниво 10: Раст 13, Ниво 11: Раст 14, Ниво 12: Раст 15, Ниво 13: Раст 16, Ниво 14: Раст 17, Ниво 15: Раст 18.
Население | Ниво тврдина | Фарми | Куќи | Рудници | Касарни | Храм | Градски плоштад | Капацитет на ресурси | Данок | Патишта | Вид единици | Војска на поле | Бр. на мапа | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 10 000 | 1 | 1 | 3 | 3 | 1 | 1 | 1 | 7 000 | 3 | 1 | Лесни | 40 | Ексклузивна зона |
2 | 15 000 | 2 | 1 | 4 | 4 | 1 | 1 | 1 | 11 000 | 3 | 1 | Лесни | 100 | Ексклузивна зона |
3 | 20 000 | 3 | 2 | 5 | 5 | 2 | 1 | 2 | 16 000 | 3 | 2 | Лесни | 300 | Ексклузивна зона |
4 | 30 000 | 4 | 3 | 6 | 6 | 2 | 1 | 2 | 33 000 | 3 | 2 | Лесни | 500 | 2 790 |
5 | 40 000 | 4 | 4 | 6 | 7 | 3 | 1 | 3 | 44 000 | 3 | 3 | Тешки | 1 000 | 1 670 |
6 | 50 000 | 5 | 5 | 7 | 8 | 3 | 1 | 3 | 76 000 | 3 | 3 | Тешки | 2 000 | 1 000 |
7 | 60 000 | 5 | 6 | 7 | 9 | 4 | 1 | 4 | 110 000 | 3 | 4 | Тешки | 4 000 | 600 |
8 | 70 000 | 6 | 7 | 7 | 10 | 4 | 1 | 4 | 140 000 | 4 | 4 | Тешки | 13 000 | 360 |
9 | 90 000 | 6 | 8 | 8 | 11 | 5 | 1 | 5 | 180 000 | 4 | 5 | Елитни | 25 000 | 220 |
10 | 110 000 | 7 | 9 | 9 | 11 | 5 | 1 | 5 | 280 000 | 4 | 5 | Елитни | 50 000 | 130 |
11 | 130 000 | 7 | 10 | 10 | 12 | 6 | 1 | 6 | 410 000 | 4 | 6 | Елитни | 50 000 | 80 |
12 | 150 000 | 8 | 11 | 11 | 12 | 6 | 1 | 7 | 500 000 | 4 | 7 | Елитни | 50 000 | 40 |
13 | 180 000 | 8 | 11 | 12 | 13 | 7 | 1 | 8 | 690 000 | 4 | 8 | Елитни | 50 000 | 30 |
14 | 210 000 | 9 | 12 | 13 | 13 | 7 | 1 | 9 | 860 000 | 4 | 9 | Елитни | 50 000 | 20 |
15 | 240 000 | 9 | 12 | 14 | 14 | 8 | 1 | 10 | 1 000 000 | 4 | 10 | Елитни | 50 000 | 10 |
Слободни терени
Се наоѓаат надвор од ексклузивната зона на играчот и можат да бидат освоени од него. Секој припоен или колонизиран терен (освен неутрален) на империјата ѝ носи различни бонуси и модификатори. Постои шанса за дополнителен бонус на опишаните во табелата модификатори.
Фарми | Дрво | Камен | Железо | Тврдина | Коњаница (вид воена единица) | Лесен стрелец | Одбрана | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Неутрален | - | - | - | - | - | - | - | - |
Плоден | 20% | -10% | -10% | -10% | -20% | 20% | ||
Шуми | 10% | 10% | -10% | -10% | -20% | -10% | -20% | 10% |
Ридови | 10% | 10% само за бранителот | 10% | |||||
Ридови со шуми | -5% | 15% | 10% | -10% | -10% | 15% | ||
Планини | -20% | 20% | 20% | 20% | -20% | 20% само за бранителот | 20% | |
Планини со шуми | -25% | 25% | 20% | 20% | 20% | -30% | 25% |
Плоден | Шуми | Ридови | Ридови со шуми | Планини | Планини со шуми |
---|---|---|---|---|---|
од 10% до 20% на трговскиот потенцијал | од 10% до 20% на производството на дрво | од 5% до 10% на производството на дрво | од 10% до 20% на производството на дрво | од 5% до 10% на производството на железо | од 5% до 10% на производството на дрво |
од 10% до 20% на времето за обука на стрелци | од 10% до 20% на трговскиот потенцијал | од 5% до 10% на производството на железо | од 10% до 20% на трговскиот потенцијал | од 5% до 10% на производството на камен | од 5% до 10% на производството на железо |
од 10% до 20% на времето за обука на пешадија | од 10% до 20% на времето за обука на пешадија | од 5% до 10% на производството на камен | од 10% до 20% на времето за обука на пешадија | од 10% до 20% на времето за обука на стрелци | од 5% до 10% на производството на камен |
од 10% до 20% на времето за обука на коњаница | од 10% до 20% на времето за изработка на опсадни машини | од 5% до 10% на фармите | од 10% до 205 на времето за изработка на опсадни машини | од 10% до 20% на времето за обука на пешадија | од 10% до 20% на времето за обука на пешадија |
од 10% до 20% на времето за изработка на опсадни машини | од 5% до 10% на фармите | од 10% до 20% на трговскиот потенцијал | од 10 000 до 40 000 на капацитетот на фармите. Бонусот секогаш е цел број. | од 10 000 до 40 000 на капацитетот на фармите. Бонусот секогаш е цел број. | од 10 000 до 40 000 на капацитетот на фармите. Бонусот секогаш е цел број. |
од 10% до 20% на фармите | од 10 000 до 40 000 на капацитетот на фармите. Бонусот секогаш е цел број. | од 10% до 20% на времето за обука на стрелци | од 5 до 10 на лимитот на задоволство | од 5 до 10 на лимитот на задоволство | од 5 до 10 на лимитот на задоволство |
од 10 000 до 40 000 на капацитетот на фармите. Бонусот секогаш е цел број. | од 5 до 10 на лимитот на задоволство | од 10% до 20% на времето за обука на пешадија | од 5 до 10 бонус задоволство на ден | од 5 до 10 бонус задоволство на ден | од 5 до 10 бонус задоволство на ден |
од 5 до 10 на лимитот на задоволство | од 5 до 10 бонус задоволство на ден | од 10% до 20% на времето за обука на коњаница | - | - | - |
од 5 до 10 бонус задоволство на ден | - | од 10% до 20% на времето за изработка на опсадни машини | - | - | - |
- | - | од 10 000 до 40 000 на капацитетот на фармите. Бонусот секогаш е цел број. | - | - | - |
- | - | од 5 до 10 на лимитот на задоволство | - | - | - |
- | - | од 5 до 10 бонус задоволство на ден | - | - | - |
Вредностите се создаваат по случаен принцип.
Независните слободни терени можат да заземат до 4 точки на мапата. Затоа, возможно е новата припоена провинција/основана колонија да се простира на неколку терени со различни бонуси. Во таков случај, при припојувањето играчот мора да го избере видот на теренот и соодветно бонусот за идниот посед.
Специјални ресурси
Даваат бонус на целата империја ако на таков терен биде основана провинција, колонија или трговска станица. Бонусот се применува само ако изградбата на објектот на теренот е завршена. Заземаат 1 точка на глобалната мапа и се распоредени надвор од ексклузивната зона.
* Не се акумулираат бонуси од ист вид Специјални ресурси. Ако има 2 бонуси од истиот вид, се пресметува само поголемиот. Исти бонуси може да се акумулираат само ако се доделувани од два различни терени со специјални ресурси.
Пример: Ако имате 2 поседи на богато поле злато, ќе добивате 10% бонус на приходот на злато. Ако имате 1 колонија на богато поле жито и 1 колонија на богато поле ориз, ќе имате 20% на ефектот на фарми.
** Специјалните ресурси: Антички Храм, Свет Антички Храм, Потковица, Тешка Потковица, Лак, Богато поле Лак, Јаглен, Богато поле Јаглен, Коњи, Тешки Коњи, Волна, Богато поле Волна, Памук и Богато поле Памук доделуваат бонуси на сојузните војски, ако член на сојузот основа посед на нив. Специјален ресурс Гранит дава бонус на тврдините во сојузните поседи ако член на сојузот основа посед на него.
Име | Ефект | Трговски потенцијал |
---|---|---|
Специјален ресурс Дрво | 5% бонус производство на дрво | 500 |
Богато поле со Дрво | 10% бонус производство на дрво | 750 |
Специјален ресурс Железо | 5% бонус производство на железо | 500 |
Богато поле со Железо | 10% бонус производство на железо | 750 |
Специјален ресурс Камен | 5% бонус производство на камен | 500 |
Богато поле со Камен | 10% бонус производство на камен | 750 |
Специјален ресурс Злато | 5% бонус на генерираното злато од зададениот данок за деноноќие | 2 000 |
Богато поле со Злато | 10% бонус на генерираното злато од зададениот данок за деноноќие | 3 000 |
Специјален ресурс Дијаманти | 5% бонус на бројот купени дијаманти со редовните пакети од мени Премиум | 1 000 |
Богато поле со Дијаманти | 10% бонус на бројот купени дијаманти со редовните пакети од мени Премиум | 2 000 |
Специјален ресурс Вино | 5 бонус поени задоволство во сите територии на империјата | 1 000 |
Специјален ресурс Скапоцени камења | 10 бонус поени задоволство во сите територии на империјата | 1 000 |
Специјален ресурс Слонова коска | го зголемува максималното ниво задоволство за 5 во сите територии на империјата | 3 000 |
Специјален ресурс Свила | го зголемува максималното ниво задоволство за 10 во сите територии на империјата. | 5 000 |
Специјален ресурс Антички храм | 5 поени бонус морал на војската | 250 |
Специјален ресурс Свет антички храм | 10 поени бонус морал на војската | 500 |
Специјален ресурс Потковица | 5% бонус на Напад на целата Коњаница | 500 |
Специјален ресурс Тешка потковица | 10% бонус на Напад на целата Коњаница | 500 |
Специјален ресурс Лак | 5% бонус на напад од далечина | 500 |
Богато поле со Лак | 10% бонус на напад од далечина | 500 |
Специјален ресурс Јаглен | 5% бонус на напад на пешадија (мечувалци и копјеносци) | 500 |
Богато поле со Јаглен | 10% бонус на напад на пешадија (мечувалци и копјеносци) | 500 |
Специјален ресурс Гранит | 5% бонус на животни поени на тврдина | 500 |
Богато поле со Гранит | 10% бонус на животни поени на тврдина | 500 |
Специјален ресурс Коноп | го намалува времето за изградба со 5% | 500 |
Богато поле со Коноп | го намалува времето за изградба со 10% | 500 |
Специјален ресурс Папирус | ги намалува Времињата за истражување со 5% | 500 |
Специјален ресурс Пергамент | ги намалува Времињата за истражување со 10% | 1 000 |
Специјален ресурс Ориз | 5% бонус на ефектот на фармите | 500 |
Богато поле со Ориз | 10% бонус на ефектот на фармите | 750 |
Специјален ресурс Жито | 5% бонус на ефектот на фармите | 500 |
Богато поле со Жито | 10% бонус на ефектот на фармите | 750 |
Специјален ресурс Зачини | ја намалува провизијата за објавување на понуда на пазарот со 10% на 9% | 5 000 |
Специјален ресурс Коњи | го намалува времето за движење на војската додека е на мисија за 5% | 500 |
Специјален ресурс Тешки коњи | го намалува времето за движење на војската додека е на мисија за 10% | 1 000 |
Специјален ресурс Волна | го намалува издржувањето на војска за 5% | 500 |
Богато поле со Волна | го намалува издржувањето на војска за 10% | 1 000 |
Специјален ресурс Памук | го намалува издржувањето на војска за 5% | 500 |
Богато поле со Памук | го намалува издржувањето на војска за 10% | 1 000 |
Специјален ресурс Мермер |
го намалува времето за изградба на големиот храм во сојузен замок со 5% | 3 000 |
Богато поле со Мермер | го намалува времето за изградба на големиот храм во сојузен замок со 10% | 5 000 |
Специјален ресурс Кафе | 5% бонус на трговскиот потенцијал | 1 000 |
Богато поле со Кафе | 10% бонус на трговскиот потенцијал | 2 000 |
Специјален ресурс Мапи | го зголемува растојанието до империјата на кое играчот може да основа колонии, трговски и воени станици и вазали за 15% | 500 |
Богато поле со специјален ресурс Детални мапи | го зголемува растојанието до империјата на кое играчот може да основа колонии, трговски и воени станици и вазали за 30% | 1 000 |
Специјален ресурс Антички урнатини | 5% бонус на содржината на ковчегот од храмот | 1 000 |
Специјален ресурс Сребро | 10% бонус на генерираните поени искуство на гувернер | 2 000 |
Богато поле со Сребро | 15% бонус на генерираните поени искуство на гувернер | 3 000 |
Специјален ресурс Бронза |
10% бонус на генерираните поени искуство на генерал | 1 000 |
Богато поле со Бронза | 15% бонус на генерираните поени искуство на генерал | 2 000 |
Специјален ресурс Напивка | ја зголемува шансата за преживување на сопствен генерал со 5% ја зголемува шансата за смрт на непријателски генерал со 5% |
1 000 |
Специјален ресурс Еликсири | ја зголемува шансата за преживување на сопствен генерал со 10% ја зголемува шансата за смрт на непријателски генерал со 10% |
2 000 |
Специјален ресурс Глина | 5% бонус на капацитетот на куќите | 500 |
Богато поле со Глина | 10% бонус на капацитетот на куќите | 1 000 |
Варварски кампови
Неутрални поседи кои се распоредени на Глобалната мапа и имаат сопствена војска и шпиони. Можат да бидат напаѓани во Битка на поле, но не можат да бидат освојувани. После успешна Битка на поле против Варварски камп, населбата с отстранува од Глобалната мапа, а играчот добива соодеветни награди.
- Локација
Варварските кампови се распоредени на неутрални терени на Глобалната мапа по случаен принцип, најчесто до специјален ресурс. Со исклучок на 1 Домороден камп во секоја Ексклузивна зона, преостанатите племиња не можат да се распоредуваат во Ексклузивните зони на играчите. Се населуваат во определено време во зависност од брзината на светот. Вкупниот број на Варварски кампови на Глобалната мапа не надминува 2 000. Започнуваат да се појавуваат на 3.5-от ден после почетокот на светот. Има по 5 Варварски кампови во секој квадрант (100x100 точки. Кога еден или повеќе кампови се поразени и исчезнат од мапата, системот создава нови за повторно да станат 5. Тие повторно се распоредени по случаен принцип, не е задолжително да бидат на истата позиција како претходните кампови.
Напомена: Два Варварски кампа можат да имаат заедничка граница или да допираат посед на играч.
- Видови Варварски кампови
Видот на овој посед се одредува според војската во него. Воените истражувања и единиците кои го заштитуваат - соодветно лесни, тешки или елитни, зависат од фазата во која се наоѓа сезоната (бројот на поминати седмици) од моментот на создавање на поседот. Постојат 15 различни нивоа на Варварски кампови.
-
Шпионажа и напад
Варварските кампови можат да бидат шпионирани и напаѓани од Глобалната мапа или преку менито за Брзо пребарување на варвари кое се наоѓа во горниот лев дел на селото. Не можете да ги пронајдете во Командниот центар.
-
Шпионажа
Шпионскиот извештај дава информација за војската и наградата што може да ја добиете при уништување на поседот.
-
Напад
Единствен возможен вид на напад против Варварски камп е Битка на поле. Времетраењето на мисијата се пресметува врз основа на формулата за движење по Глобалната мапа: војската се движи со брзината на најбавната единица. Опцијата за моментално пристигнување не може да се користи. После успешна битка на поле, победникот ја добива соодветната награда, а Варварскиот камп исчезнува од Глобалната мапа.
* Секој победен Варварски камп од играч, ќе ја зголемува војската на следниот нападнат Варварски камп со одреден процент. Зголемувањето е специфично за играчот кој напаѓа и нема да се одразува кај војската, која други играчи ја гледаат во кампот. Модификаторот за зголемување на Варварската војска се ресетира на почетокот на секој ден, а војската се враќа во својот првичен број.
-
Шпионажа
-
Награди
После уништување на Варварски камп, напаѓачот добива награда. Големината на наградата зависи од нивото на Кампот - колку е повисок, толку е поголема наградата. Наградите обично се ресурси, а во случај на победа над Робовладетелско племе се добива и Ослободени население.
Напомена! Недобиените награди од Варварски кампови во мени Инвентар / подмени Резерви се губат после крајот на сезоната!-
Основни
Секој Варварски камп дава основна награда. Таа може да биде:
- Ослободеното население се дава како награда за победа над варварски Робовладетелски камп. Се појавува во мени Инвентар / подмени Резерви, каде што може да се добие веднаш или покасно.
Кога ќе решите да го добиете Ослободеното население, тоа се додава кон Локалното население на моментално избраниот посед. - Ресурси - се добива еден од четирите вида ресурси (дрво, железо, камен или злато). Војската што се враќа ги носи во провинцијата од каде тргнала.
- Ослободеното население се дава како награда за победа над варварски Робовладетелски камп. Се појавува во мени Инвентар / подмени Резерви, каде што може да се добие веднаш или покасно.
-
Основни
Напади од Варварски кампови
Секој варварски камп може да испраќа напади против играчи кои се наоѓаат на максимум 70 им од кампот. Овде се вклучени и домородните варварски кампови, тие можат да го напаѓаат само играчот во чијашто ексклузивна зона се генерирани. Секој варварски камп испраќа напади додека не биде уништен. Но неговото уништување не влијае врз веќе испратените напади - тие ќе ја достигнат целта во секој случај. Валидни цели за варварски камп од определено ниво се само поседи на играчи во одреден дијапазон од поени:
-
варварски кампови според поените на играчите:
Ниво Од (поени) До (поени) 1 3 425 44 636 2 8 927 87 956 3 17 591 161 646 4 32 329 290 133 5 58 027 500 778 6 100 156 859 720 7 171 944 1 415 851 8 283 170 2 354 056 9 470 811 3 904 598 10 780 920 6 449 250 11 1 289 850 10 613 265 12 2 122 653 17 438 218 13 3 487 644 28 588 628 14 5 717 726 46 800 738 15 9 360 148 99 999 999 -
Видовите напади зависат од видот на варварски камп како што следува:
- домородните варвари секогаш праќаат опсади на тврдини
- завоевателите секогаш праќаат опсади на тврдини
- разрушителите праќаат опсади на тврдини и грабежи во сооднос 50:50
- робовладетелите секогаш праќаат грабежи*
* Ако претходно веќе имало грабеж во истата провинција за одредениот период, нападот ќе биде битка на поле.
-
Цели на варварските напади
Возможни цели за варварските напади се сите провинции (вкл. Престолнината) и колонии на играчот, што го зголемиле своето ниво на варварска закана над одредена вредност. Воените и трговските станици, како и вазалите не подлежат на напади. Времето за патување на нападите е од 55 до 60 минути на произволен принцип, а се видливи од моментот кога што тргнале. Составот на напаѓачката варварска војска се одредува од распоредената војска во кампот. За опсади на тврдини се додаваат одреден број опсадни машини. Основниот морал на варварите при грабеж е 100, а при опсада на тврдина е 120 поени. Секој камп има свој сопствен генерал и секој испратен напад од тој камп ќе биде предводен од овој генерал. Неговите вештини влијаат на битката и се гледаат во екранот со мисии. Исклучок се домородните варвари кои никогаш немаат генерал. Нема ограничување за бројот напади што можат да започнат од еден исти камп. Ова не го променува видот и составот на војската што се испраќа од кампот. Варварските напади не ги заклучуваат премиум додатоците на играчот.
-
Зголемување на варварска закана во поседите на играчот
Нивото варварска закана ја одредува шансата даден посед да биде нападнат, доволно е да има камп што се наоѓа во радиус од 70 им. Заканата се собира одделно во секој посед според одредени правила.
Нивото на варварска закана се зголемува на 3 начини:- со тек на време - на секој час заканата се зголемува со одреден фиксен процент
- пуштање на изградба (независно каква)
- пуштање на воена мисија (без обиколка)
-
Сила на варварските напади
Се одредува од бројот варварски кампови што играчот ги нападнал успешно во последните 24 часа. Колку повеќе напади извршил играчот, со толку поголема сила ќе му возвратат варварите. Ако играчот не нападнал успешно варварски камп во последните 24 часа, напаѓачката војска ќе биде 50% од основниот број војска, распоредена во варварскиот камп, што го праќа нападот. За секој успешно нападнат варварски камп, силата на напад се зголемува со 10%. На пример: играч е нападнат од камп каде што има 1000 лесна коњаница. Ако играчот не напаѓал никакви варварски кампови во последните 24 часа, тогаш во варварскиот напад ќе има 50% од основниот состав т.е. 500 лесна коњаница. Ако играчот уништил 10 кампови во последните 24 часа, во нападот ќе има 150% од основниот состав т.е. 1500 лесна коњаница.
Бројот напади, кои секој играч може да ги испраќа кон варварски кампови е ограничен до 30 напади на ден. Ова исто така значи дека и максималната очекувана сила на варварски напад, којашто може да биде достигната е 350%.
Истражувања на варварски кампови
Варварските кампови имаат сопствени воени истражувања што ги прават понатпреварувачки во битка против играчи. Овие истражувања се користат како во напад така и во одбрана.
-
Истражувања на варварски кампови според ниво:
Ниво Напад од далечина Напад од блиску Оклоп Воени коњи Воена медицина Контрашпионажа 1 1 1 1 1 1 1 2 2 2 2 2 3 3 3 4 4 4 4 5 5 4 6 6 6 6 7 7 5 8 8 8 8 9 9 6 10 10 10 10 11 11 7 12 12 12 12 13 13 8 14 14 14 13 15 15 9 16 16 16 14 17 17 10 18 18 18 15 19 19 11 20 20 20 16 21 21 12 22 22 22 17 23 23 13 24 24 24 18 25 25 14 27 27 27 19 27 27 15 30 30 30 20 29 29
Раст
Припоени провинции
Максималниот број провинции кои играч може да ги припои е 30 (престолнината + 29 припоени). За да припоите терен (независен град, независен слободен терен или терен на специјален ресурс) и да го претворите во провинција, потребно е да имате слободно ниво централизација. Припојувањето може да се изврши преку глобалната мапа по мирен пат или насилно:
- Припојување независен град
- по мирен пат: морате да ја платите цената на сите градби во поседот, помножена по x1,5. При мирно припојување, нивоата на градбите се зачувуваат.
- по воен пат: потребно е да го нападнете теренот со опсада на тврдина. После победа во битката, теренот станува дел од империјата, но сите градби во него губат по едно ниво. Меѓутоа, ако независниот град има 1-во ниво тврдина и 10-то ниво рудници, тогаш овие градби ќе останат на ниво 1 и ниво 10 соодветно. Војската во независните градови се бори со минималните нивоа воени истражувања кои се потребни за воените единици присутни во нив.
После припојување на независен град, новата провинција зазема 4 точки.
- Припојување на независен слободен терен - може да биде освоен само по мирен пат преку испраќање мисија од 25 000 селани кои ќе се населат таму. После припојувањето на поседот ќе имате:
- Градски центар
- Транспортна станица 1-во ниво
- Куќи 1-во ниво
- Храм
- Карактеристики:
-
Ефикасност
Секоја наредно припоена провинција произведува 10% помалку ресурси во споредба со претходната.
-
Задоволство
Основниот лимит на задоволство во сите припоени провинции е 100. Во престолнината има +20 бонус.
-
Транспорт на ресурси
Се извршува од транспортната станица. Една провинција се протега на 2х2 точки. Транспортот помеѓу две сопствени провинции е 1.25 минути за 1 точка, односно 2.5 минути за провинции кои се допираат, 10 минути за провинции помеѓу кои има 1 провинција, 15 минути за провинции помеѓу кои има 2 провинции итн.
-
Империјални патишта
Инфраструктурата која може да се изгради помеѓу припоените провинции. Секое ниво го зголемува за 10% трговскиот потенцијал помеѓу провинциите.
-
Патување на војска
Движењето на војската помеѓу провинциите го следи моделот на транспорт на ресурси. Времето за патување на непријателски напад е секогаш еднакво, независно од почетната точка и целта (провинција или колонија). Ова време е еднакво на времето што е потребно за да се отиде од престолнината на напаѓачот до престолнината на бранителот.
-
Гувернерски вештини
Освен специфичните бонуси од терен или независен град, при припојување или колонизирање се доделуваат уште два специјални бонуси: 50% зголемување на две различни гувернерски вештини. Системот произволно избира две вештини од сите и играчот ќе започне да добива бонуси од нив. Припоената провинција може да ги користи бонусите само ако има назначен голем човек кој ги поседува вештините. Ако нема назначен гувернер или гувернерот има други вештини, провинцијата нема да ги добива бонусите. Тие се пасивни додека не бидат исполенети определени услови. Целта е на позицијата гувернер да се постави голем човек кој ги поседува и двете вештини за да се добиваат и двата бонуса.
-
Ефикасност
Вазали
Заземаат 1 точка од глобалната мапа. Максималниот број независни градови што играч може да ги претвори во вазали е 30. За да се претвори независен град во вазал, потребно е ниво Централизација и Вазална логистика.
- Претворање во вазал
Претворањето на даден независен град во вазал се случува само по воен пар преку испраќање на мисија за опсада на тврдина. Вазалот може да граничи со империја или посед (ексклузивна зона, провинции надвор од неа, колонија, воена или трговска станица), но не може да допира друг вазал или независен град. Мора да има најмалку 1 точка растојание помеѓу нив.
- Карактеристики на вазалите
- Население: запира да расте од моментот кога провинцијата станува вазал до нејзиното припојување. Бројот е однапред одреден од параметрите на независниот град.
- Војска: останува непроменета до припојувањето. Бројот на единици е однапред одреден од параметрите на независниот град.
- Приход
- Приход од трговија: зависи од нивото на трговски патишта. Златото се складира во ризницата на престолнината.
- Данок од вазал: вредноста му е однапред одредена од параметрите на независниот град. Златото заработено на овој начин треба да биде пренесено во престолнината на играчот.
- Вазалите можат да бидат припоени, ослободени или освоени од други играчи.
-
Припојување на вазал: возможно е единствено ако поседот граничи со друга припоена провинција или престолнината. Може да биде припоен по мирен пат и насилно, следејќи ја механиката на припојување на независен град.
Напомена: Независно дали припојувањето било насилно или по мирен пат, поените од градбите во независниот град се додаваат во профилот од играчот.
После успешно насилно припојување на вазал, градбите во поседот се намалуваат за едно ниво освен:
- Куќите - го задржуваат нивото што го имале пред освојувањето;
- Тврдината - ако била со ниво 1 пред освојувањето. - Ослободување на вазал: вазалот може да биде ослободен во секој момент. Територијата повторно ќе се претвори во независен град и Вие ќе го изгубите приходот од него. Насобраните ресурси додека провинцијата била вазал исчезнуваат и започнуваат да се создаваат од 0. Еден играч може да го загуби вазалот ако неговиот профил остане блокиран од администраторите повеќе од 7 дена и е во мод одмор повеќе од 16 дена за светови со брзина х4 и повеќе од 7 дена за светови со брзина х10.
- Освојување на вазал: вазалот не може да биде запленуван од непријатели, но може да биде преземен ако се наоѓа надвор од ексклузивната зона. Може да биде нападнат од други играчи кои ќе се борат против војската и тврдината кои ги имал додека бил независен град. Со успешна опсада, напаѓачот вазализира за себе си.
- Платено надоградувањ ен аниво на вазали - Имате можност да го зголемите нивото на вазал со тоа што ќе ја платите во ресурси разликата меѓу цената на градбите во моменталното ниво и нивната цена во следното. Имајте во предвид дека со зголемување на нивото на вазал, исто така се зголемува и војската, распоредена во него. Платеното зголемување на ниво не е достапно кога сте под напад кој заклучува или кога вазалот е под напад.
-
Припојување на вазал: возможно е единствено ако поседот граничи со друга припоена провинција или престолнината. Може да биде припоен по мирен пат и насилно, следејќи ја механиката на припојување на независен град.
Колонии
Зазема до 4 точки на глобалната мапа и не може да биде основана во ексклузивната зона. Големината на колонијата зависи од бројот на нејзините жители. За да биде колонизирана, потребно е слободно ниво колонијализам и најмалку едно ниво колонијална логистика. Колониите може да се создаваат на независни неутрални терени, терени со бонуси или специјални ресурси и можат да се наоѓаат до колонија, вазал, трговска или воена станица од друг играч. Ако територијата на вазалот и колонијата на различни играчи граничат, сопственикот на вазалот не може да го припои вазалот додека не ја уништи колонијата на другиот играч. Не може да се колонизира терен кој граничи со туѓа припоена провинција.
- Колонизирање
Се извршува само по мирен пат. За да колонизирате, потребно е да испратите 50 000 население и ресурс од припоена провинција во друга колонија на слободен терен или терен со специјален ресурс. Изградбата трае 12:00 часа и кога ќе заврши, колонијата ќе ги има следните градби: фарми - ниво 8, градски плоштад - ниво 1, транспортна станица - ниво 1, трговски пат - ниво 1, куќи - ниво 7, тврдина - ниво 4. Цената за основање е еднаква на сумата од цените потребни за изградбата на сите градби (при архитектура - ниво 0).
- Колонизирање на терен - ако територијата се протега на различни терени, играчот мора да избере еден од нив со неговиот соодветен бонус и еден модификатор (во случај кога бонусите од модификатор кои влијаат на таа територија се повеќе од еден). Колонијата добива два специјални бонуси: 50% зголемување на две различни гувернерски вештини.
- Колонизирање на терен на специјален ресурс - се извршува на истиот начин како и колонизирањето на слободен терен. Разликата е во тоа што освен бонус од модификатор од видот на терен и бонус од две гувернерски вештини, колонијата носи и бонус од специјален ресурс кој влијае на целата империја. Колонијата на терен со специјален ресурс може да биде нападната независно од опсегот на поени, што значи дека нема казни за моралот, честа или нападот на напаѓачот.
-
Карактеристики на колониите
Имаат ист статус како припоени провинции - во нив може да се градат градби, да се регрутира војска и да се произведуваат и транспортираат ресурси.
- Уништување на колонија
- Преку непријателски напад - колонија е уништена кога ќе остане без тврдина. Секоја успешна опсада намалува по едно ниво тврдина. Кога колонијата ќе остане со тврдина ниво 0, автоматски исчезнува од глобалната мапа. Половина од нејзиното население и 90% од војската распоредена во неа автоматски се враќаат во провинцијата/колонијата од каде што била основана. Сопственикот ги губи ресурсите собрани во колонијата, нето економските поени од ресурсите инвестирани во неа и 10 поени задоволство. Ако колонијата е уништена додека има во тек воена мисија испратена од неа, војската се враќа во престолнината на империјата, а времето за патување останува непроменето т.е. војската ќе се врати во престолнината за истото време за кое би се вратила во колонијата. Секоја изгубена битка во одбрана го принудува преостанатиот гарнизон да се премести на поле. Нападите во колонии на специјален ресурс немаат граници во опсегот на поени што значи дека нема казни за моралот, честа и нападот на напаѓачот.
- По желба на сопственикот - можете да ја уништите својата колонија преку избор на опцијата ’Уништување на колонија’. Во овој случај, 50% од населението во колонијата се испраќа во провинцијата од каде што била основана. Ги губите ресурсите собрани во колонијата и нето економските поени од ресурсите, инвестирани во нејзиното основање и развој. Колонија не може да биде уништена од нејзиниот сопственик ако во неа има распоредена војска или мисија која патува од или кон колонијата.
-
Автоматско уништување - играч може да ја изгуби колонијата ако профилот остане блокиран од администраторите повеќе од 7 дена или е во мод одмор повеќе од 16 дена за светови со брзина х4 и повеќе од 7 дена за светови со брзина х10. Половина од нејзиното население и 90% од војската распоредена во неа директно ќе се вратат во провинцијата/колонијата од каде што била основана. Сопственикот ги губи нето економските поени од инвестираните ресурси. Сите собрани ресурси се транспортираат до престолнината. Кога колонија е уништена од системот, не се губат поени задоволство.
Напомена: Само колонииите основани на специјален ресурс можат да бидат автоматски уништени.
-
Неуништливи колонии
Колонија може да стане неуништлива ако играч ги држел во споственост 14 дни откако достигнал тврдина ниво 8. После завршувањето на овој период, колонијата добива статус на припоена провинција, а единствената разлика е што не граничи со другите провинции. Ако има изградена градба Трговски пат, таа ќе се претвори во Империјален пат ако колонијата граничи со некоја од провинциите. Ако тврдината на таква колонија е срушена, таа не се намалува за едно ниво. Бранителот може да ја поправи ако го плати потребното количество ресурс.
Напомена: Неуништливите колонии можат да бидат срушени од нивниот сопственик.
-
Задоволство
Се пресметува по истиот начин како и во припоените провинции, но овде има дополнителен модификатор за далечина - колку колонијата е подалеку од престолнината, толку понегативен е овој модификатор. Се пресметува по следната формула: 0,00025 * растојание * растојание - 0,23 * растојание - 13
Пример: Играч е сопственик на колонија на растојание 5 точки од престолнината. Модификаторот на задоволство според растојание ќе ниде следниот:
0,00025 * 5 * 5 - 0,23 * 5 -13 = 0,00625 - 1,15 - 13 = -14,143 = -14Кога растојанието е поголемо од 400, загубата е секогаш -65.
Изградба на нивоа на Колонијална управа, достапна во секоја колонија, ги намалува загубите на задоволство поради оддалеченост на колонијата од Имперјата во соодветната колонија.Лимитот на задоволство е 100. Може да биде зголемен за 10 поени со колонизирање на терен со специјален ресурс свила. Ако Задоволството падне под 50, постои шанса за немири, којашто прогресивно се зголемува за 2% и може да доведе до привремен прекин на извлекувањето на данок за најмалку 24 часа, додека задоволството не биде повторно зголемено. Ако задоволството се намали под 20, постои шанса за бунт, којашто прогресивно се зголемува за 2% и може да доведе до привремен забранет пристап до колонијата за најмалку 24 часа, додека задоволството не биде повторно зголемено. За тоа време, дозволено е само организирање на фестивали.
-
Ефикасност
Првата основана колонија има 90% ефикасност и секоја наредна колонија е со 10% помалку ефикасна. Кон овој процент е додадена половина од казната за растојание. Истражувањето колонијална бирократија ја зголемува ефикасноста за 5% по ниво (без да надминува 100). Без истражени нивоа на колонијална бирократија, основната ефикасност на 10-тата колонија ќе биде 0 и секоја колонија после неа ќе биде со 10% помалку ефикасна во негативна вредност.
Пример: Ако играчот има казна за оддалеченост на неговата прва колонија С1 -14 задоволство, тогаш нејзината ефикасност ќе се пресмета по следниот начин: 100% - 10% -14/2 = 83% (без ефект од колонијална бирократија). Ако има истражено едно ниво, ефикасноста ќе биде зголемена со 5% и ќе биде 88%.
*Во случај изградбата на колонија да започнала за време на активно управување Империјализам со модификатор “Без загуби на задоволство од оддалечени поседи“, казната за растојание нема да се додаде на ефективноста на оваа колонија. Колониите кои не биле изградени за време на Имеријализам, продолжуваат да трпат казна за растојание, додадена кон ефективноста, дури и кога управувањето Империјализам било активирано покасно. -
Колонијален даночен систем
Колониите го имаат истиот даночен модел како и припоените провинции.
-
Транспорт на ресурси
Се извршува од менито на транспортната станица и функционира исто како и во припоените провинции.
- Трговски пат - градба која се гради во колониите и трговските станици. Ја исполнува истата функција како и империјалните патишта помеѓу припоените провинции. Со секое ниво, играчот ќе може да ги користи наредните 10% од неговиот трговски потенцијал на основа на поседот со помалку население.
- Патување на војска
Времето за патување помеѓу провинциите и колониите е слично како и времето помеѓу припоените провинции - се избира најкраткиот пат.
Трговска станица
Зазема 1 точка од глобалната мапа и може да биде основана единствено на терен со специјален ресурс надвор од ексклузивната зона. Може да се допира до трговска станица на друг играч, колонија, воена станица или вазал. Не може да граничи со империја на друг играч (престолнина или припоена провинција). Бонусот од специјалниот ресурс влијае врз целата империја и дополнително злато од трговскиот потенцијал кога се развива трговскиот пат во неа. Поради фактот дека зазема една точка на мапата, дава само еден бонус од модификатор.
- Основање на трговска станица
За основање на трговска станица е потребно да се истражи Трговска администрација и Трговска логистика. Секое ниво Трговска администрација дозволува основање на една трговска станица. Првото ниво трговска логистика го зголемува растојанието од империјата на кое може да се создава трговска станица за 5 точки. Секое ниво после осмото е 8% поефективно од претходното. Цената за основање на трговска станица е еднаква на сумата од потребните градби во неа при Архитектура ниво 0.
- Тврдина - ниво 3
- Трговски пат - ниво 1
- Транспортна станица - ниво 1
Се основа преку избирање на соодветното копче од паѓачкото мену после клик на избраниот терен на глобалната мапа. Мисијата патува со брзината на товарните колички. Времето за изградба е 6 часа и за време на овој период, нападите кон неа се невозможни. Основањето на трговска станица, на целата империја ѝ доделува еднократен бонус од 10 поени задоволство.
- Карактеристики на трговската станица
-
Градби
Достапните градби кои можат да се развиваат од градскиот центар на трговската станица се трговски пат и транспортна станица. Тврдината не може да биде надоградена, највисокото ниво е 3-то. Во подмени ’Воени’, ќе биде достапно копче за изградба на ниво на тврдина во случаите кога тврдината е срушена од непријателски напад. Достапна ќе биде и изградба на кули ниво 1.
-
Градби
-
Транспорт на ресурси
Се извршува од транспортната станица и функционира исто како и помеѓу припоените провинции.
- Трговски пат - градба достапна во колониите и трговските станици. Исполнува функција како и империјалните патишта помеѓу припоените провинции. Со секое ниво, играчот ќе може да користи следни 10% од неговиот трговски потенцијал на основа на посед со малку население.
- Војска во одбрана
Во трговската станица не може да се распоредува војска. Во случај на непријателски напад, заштитата зависи од тврдината и кулите. Поседот може дополнително да се заштити преку основање на воена станица. На ваков начин, ако напаѓачот сака да ја нападне трговската станица, ќе мора прво да ја уништи воената станица.
- Трговски потенцијал
Во трговската станица нема население и трговскиот потенцијал се пресметува врз основа на специјалниот ресурс врз кој се наоѓа. Вредностите на трговскиот потенцијал на сите терени на специјални ресурси можете да ги разгледате во Глобална мапа => Видови терени => Специјални ресурси.
Трговскиот потенцијал е апстрактна мерка која ја одредува можноста на еден посед да заработи дополнително злато складирано во ризницата од империјата. Генерираното злато се пресметува на основа на односот на трговскиот потенцијал од трговската станица и трговскиот потенцијал во престолнината. Во предвид се зема бројот на население во помалку населениот посед од двата (соодветно помал трговски потенцијал) и при изградба на секое ниво на трговски пат, играчот добива 10% од трговскиот потенцијал од поседот со помалку население. - Уништување
Трговската станица може да биде уништена од нејзиниот сопственик или од непријателски напад.
- Во случај на непријателски напад
Успешна опсада на тврдина врз трговска станица уништува едно ниво од тврдината. Кога ќе достигне 0, поседот е уништен и играчот ги губи насобраните ресурси, нето економските поени добиени од основањето и развојот. Исто така, тој го губи и трговскиот потенцијал од нивоата на трговскиот пат и бонусот од специјалниот ресурс. Еднократно се одземаат 5 поени задоволство од целата империја.
Нападите кон терени на специјален ресурс немаат ограничување на опсег на нето економски поени и не носат казни за морал, чест и силата на нападот на напаѓачот. - По желба на сопственикот
Опцијата е достапна после клик на поседот врз глобалната мапа. После уништувањето, играчот ги губи насобраните ресурси во неа, нето економските поени заработени од основањето и развојот, трговскиот потенцијал од нивоата на трговските патишта и бонусот од специјалниот ресурс.
- Автоматско уништување
Возможно е автоматски да ја изгубите трговската станица. Тоа може да се случи во следните случаи:
- Профилот е во мод одмор повеќе од 16 дена за светови со брзина х4 и повеќе од 7 дена за светови со брзина х10.
- Профилот е блокиран повеќе од 7 дена.
После автоматско уништување, играчот го губи бонусот од специјалниот ресурс и заработените нето економски поени од основањето и развојот на поседот. Насобраните ресурси се транспортираат во престолнината.
- Во случај на непријателски напад
- Карактеристики на трговската станица
Воена станица
Зазема 1 точка од глобалната мапа и може да биде основана насекаде освен врз независен град и специјален ресурс. Основната функција на оваа градба е да ја заштитува трговската станица бидејќи во неа не може да се распореди одбранбена војска. Затоа, воената станица мора да граничи со трговската станица. Затоа, непријателот мора прво да ја уништи воената станица за потоа да има можност да ја нападне и трговската. Воените станици можат да се градат и до други поседи, но одбранбен ефект имаат само врз трговските станици.
- Основање на воена станица
Потребно е истражено ниво 5 Централизација и најмалку по 1 ниво воена администрација и воена логистика. Секое истражено ниво после првото, дозволува основање на уште една воена станица. Првото ниво воена логистика го зголемува растојанието од империјата на кое може да се основа воена станица со 5 точки. Цената е еднаква на сумата од сите градби во неа при Архитектура ниво 0.
- Тврдина ниво 4
- Транспортна станица ниво 1
-
Воен камп ниво 1
Секое ниво воен камп дозволува распоредување на 120 000 војска на поле.
Се основа преку копче, достапно после клик на избраниот терен на глобалната мапа. Ако теренот доделува воен бонус или воен бонус од модификатор, поседот го добива само него. Не е под влијание на економски бонуси. Изградбата трае 6 часа и за време на овој период, нападите врз поседот се забранети. Мисијата за основање патува со брзината на товарните колички.
- Карактеристики на воената станица
-
Градби
После завршување на изградбата, поседот располага со моменталните нивоа на тврдина, транспортна станица и воен камп кои можат да бидат надоградувани. Од подмени воени можат да се градат сите одбранбени градби вклучувајќи го и бедемот - градба, достапна само во овој посед. Секое негово ниво ѝ дава 2% бонус на одбранбената војска на поле. Воената станица нема население, производство и ефикасност.
-
Транспорт
Се извршува од менито на транспортната станица и функционира како и транспортот помеѓу припоените провинции.
-
Војска и патување на војска
Бројот на војници кои можат да бидат распоредени во поседот е ограничен и зависи од нивото на воениот камп. Ако при пристигнување на војска која се преместува, капацитетот на воениот камп е достигнат, војската не се растоварува, а се враќа обратно кон поседот од кој била испратена. Ако во воениот камп има останато слободно место, но не доволно за целата преместена војска, местото се пополнува до границата и остатокот од единиците се враќаат кон поседот од кој биле испратени. Ако при пристигнување на војската, воената станица е срушена, војската повторно се враќа од каде што била испратена. Издржувањето на војската на поле во воена станица е х1,2.
-
Одбрана
Во командниот центар постои опција за повлекување на одбранбената војска. Ако играчот избере да ја употреби, војската нема да се бори. Оваа опција е достапна само во воена станица.
- Уништување
-
Во случај на непријателски напад
Успешна опсада на тврдина против воената станица намалува едно ниво од тврдината. Кога тоа ќе достигне 0 ниво на тврдина, поседот е уништен и играчот ги губи насобраните ресурси, нето економските поени добиени од основањето и развојот. Ако после уништувањето има преостаната распоредена војска, играчот губи 10% од преживеаните единици. Преостанатиот дел се враќа во поседот од каде што била основана станицата. Ако овој посед бил уништен, војската се враќа во Престолнината. Ако воената станица е уништена додека има во тек воена мисија испратена од неа, војската се враќа во престолнината на империјата, а времето за патување останува непроменето т.е. војската ќе се врати во престолнината за истото време за кое би се вратила во воената станица.
Нападите на воена станица која заштитува трговска станица, немаат ограничување на опсег на нето економски поени и не носат казни за морал, чест и силата на нападот на напаѓачот. -
По желба на сопственикот
Опцијата е достапна после клик на поседот на глобалната мапа. Воената станица не може да биде уништена ако во неа има распоредени единици или има војска или шпиони кои патуваат. После уништување, играчот ги губи насобраните ресурси и нето економските поени заработени од основањето и развојот.
-
Во случај на непријателски напад
-
Градби